Иако под контрола, активни се два пожари во Прилепско

Иако под контрола, во моментов во прилепско се активни два пожари, информираат од прилепската противпожарна единица.

Едниот пожар е на потегот на селата Здрзе – Маргари, гори нискостеблеста шума и зафатени се 20 ина хектари.

Вториот активен пожар е во непристапен терен на потегот на селата Дрен-Смолани и е на многу поголема површина од околу 50 хектари.

Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица нивните екипи и на прилепски „Комуналец” и од јавното претпријатие „Црн Бор” се на теренот.

– Горат нискостеблеста шума, сува трева, а кај Дрен-Смолани имаше зафатено и бор, но тоа е спречено да се шири. Пожарите се веќе трет ден. Иако се под контрола, сепак се активни. Поради непристапноста на теренот кај селата Дрен-Смолани побаравме и авионска интервенција за гасење- рече Стојчески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот