Иако нема милијарда, на Кајли Џенер не ѝ е тешко: Само минатата година потрошила 130 милиони долари!

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Форбс минатата недела ја тргна ријалити-ѕвездата Кајли Џенер од листата на најмлади милијардери, откако протекоа детали дека станува збор за мрежа од лаги.

Семејството Џенер додаде неколку работи на листата на Кајли, со цел да ја прикажат како најмладата милијардерка, но се испостави дека кралицата на кармините има „само“ 900 милиони долари.

EPA-EFE/RINGO CHIU

Само минатата година Кајли потрошила повеќе од 130 милиони долари, а парите ги вложила во недвижности и во приватен авион. Пред да започне пандемијата на коронавирусот, Кајли си купила авион вреден меѓу 50 и 70 милиони долари, пишува Дејли мејл. Пет милиони годишно и се потребни само да го одржува авионот.

EPA-EFE/NINA PROMMER

Најмногу потрошила во април годинава кога купи вила вредна 36,5 милиони долари во луксузниот кварт Холмби Хилс. Купила и парцела покрај вилата вредна 15 милиони долари. Си набавила и земјиште во близина на Палм Спрингс за 3,25 милиони долари, каде што планира да изгради ексклузивен клуб.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Освен што е великодушна кон себеси, Кајли се грижи и за хуманитарните акции, па донирала милиони долари за здруженијата погодени од коронавирусот.

Од друга страна, нејзините славни сестри се загрижени поради тоа што Кајли толку троши. Извор близок до кланот Кардашијан-Џенер истакнува дека нејзините постари сестри се загрижени бидејќи Кајли не разбира колку е лесно да се потрошат тешко заработените пари.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот