Иако неколку недели се вози по новиот автопат Миладиновци-Штип, во сабота ќе има свечена церемонија

Иако веќе неколку недели се вози по новиот автопат Миладиновци – Штип, свечената церемонија по повод пуштањето на автопатот ќе се одржи во сабота, соопштија од Владата.

„Ве известуваме дека во сабота (6.7.2019) со почеток во 11:00 часот, во паркингот на хотел „Овче Поле“ во Свети Николе, ќе се одржи церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип.

На настанот, свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.“, изјавија од Владата.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот