Иако не игра, Федерер и понатаму е најдоброплатен спортист

EPA-EFE/NIC BOTHMA

Рожер Федерер заработи повеќе и од Кристијано Роналдо и Лионел Меси, објави магазинот „Форбс“.

Иако во 2020 година, Рожер Федерер играше само на Австралија Опен и потоа поради пандемијата на коронавирусот и на двојната операција на коленото одмораше, сепак инкасира дури 106.3 милиони долари.

Очекувано, најголем дел од приходите се од спонзорските договори од кои највеќе пари добива од јапонскиот производител на спортска опрема „Уникло“, 30 милиони долари.

На второто место на најдоброплатени спортисти е Кристијано Роналдо со 105 милиони долари. Португалецот од Јувентус добива две третини од заработката, а останатото се од спонзорите.

Трет е Лионел Меси со 103 милиони долари, од кои 80 милиони долари се од Барселона, а со „Адидас“ има доживотен договор.

Листата на петте најдовбро платени ја затвораат фудбалерот на ПСЖ, Нејмар со заработка од 95.5 милиони долари и кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс кој инкасира 88.2 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот