Иако елиминирана од ЕП, Македонија се соочува со казна од УЕФА!

epa09279913 Players of North Macedonia applaud fans after the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Ukraine and North Macedonia in Bucharest, Romania, 17 June 2021. EPA-EFE/Robert Ghement / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на нејзините играчи, иако репрезентацијата веќе е елиминирана од Европското првенство.

Од дисциплинската комисија за етика на УЕФА забележани се нерегуларности пред саботното тестирање пред третиот наш дуел од групата „Ц“ против Холандија.

УЕФА вели дека е назначен дисциплински истражител кој треба да разгледа „лошо однесување и потенцијално кршење“ на здравствените протоколи на Евро 2020 од страна на играчите, информира „USA Today“.

Тоа се однесува на земање брис од играчи во Амстердам во саботата за задолжителни тестови ковид-19 пред настапот со Холандија од која беше поразена со 3:0.

Секое дисциплинско обвинение на УЕФА ќе биде против Фудбалската федерација на Македонија, а нема да биде против индивидуални играчи.

Видео на денот