ИААФ ја утна со Светското првенство во Доха, стадионот „Калифа“ зјае празен

twitter/irishtimes

Светското првенство во атлетика кое се одржува во Доха, Катар, заедно со Мундобаскетот се најголемите спортски настани овој месец. Додека Светското првенство во кошарка кое се одржа во Кина ги оправда очекувањата, атлетското СП е тотално фијаско кога станува збор за посетеноста.

Веќе трет ден, трибините на стадионот „Калифа“ зјаат полупразни, по што почнаа големите критики кон организаторите. Капацитетот на стадионот „Калифа“ изнесува 48.000 седишта, а за најатрактивниот настан на светското првенство, машката финална трка на 100 метри, ја следеа едвај 20-тина илјади гледачи.

Организаторите објаснија дека има две причини поради малата посетеност. Првата причина се доцните вечерни термини на најатрактивните дисциплини, додека втората е од политичка природа, а тоа е блокада и игнорирање на земјите од регионот на овој настан.

– Предизвикот со кој се соочуваме е дека мора да го креираме распоредот за дисциплините со глобалниот телевизиски пазар во Европа и во САД. Поради тоа, некои финални дисциплини започнуваат многу доцна и тоа се одразува на бројот на гледачи на стадионот „Калифа“ – стои во соопштението на Организацискиот одбор кои дадоа објаснување и за втората наведена причина за слабата посетеност.

Организаторите објаснија дека Бахреин, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Египет го бојкотираат СП во Доха и го обвинуваат Катар дека поддржува и финансира тероризам.

– нашата визија беше да направиме Светско првенство на Блискиот Исток и во тоа успеваме. ИААФ сака да се поврзе со нови навивачи, со нови гледачи пред ТВ екраните и во тоа успеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот