И затворски казни за непочитување на задолжителното тестирање од коронавирус во Хонгконг

Фото: EPA-EFE/MIGUEL CANDELA

 Вчера во Хонгконг почна задолжително тестирање за Ковид-19 за високоризичните групи, а оние кои ќе одбијат да се тестираат се соочуваат со затворска казна до шест месеци.

Направена е градација на казните, така што избегнување на прво тестирање се казнува со парична казна од околу 257 американски долари. Секое следно одбивање на тестирање може да резултира со парична казна од повеќе од 3.000 американски долари или шестмесечна затворска казна.

Владата во саботата објави нови мерки со цел спречување на она што Хонгконг го нарекува четврти бран на ширење на коронавирус, што влијае на лицата со висок ризик и секој што ќе дојде во контакт со нив. Секое такво лице мора да се тестира.

Според новите правила, лекарите ќе можат да побараат од пациентите кои имаат симптоми на болеста да бидат тестирани. Овој потег се должи на зголемувањето на бројот на увезени случаи на заразени со коронавирусот, како и на локалното ширење меѓу луѓето кои се епидемиолошки поврзани.

Од денеска, услужните активности, кои неодамна продолжија со нормално работење, повторно ќе се соочат со ограничувања. Баровите, клубовите и рестораните ќе мора да го намалат капацитетот на пополнетост од 75 на 50 проценти и нема да им биде дозволено да работат по полноќ. Во барови и клубови на една маса ќе може да има максимум две лица, а во ресторани четири.

Туристите кои доаѓаат во Хонг Конг и не пристигнуваат од Кина, Макао или Тајван ќе треба да поминат две недели во карантин во хотел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот