И возачите се сомневаат дека Ф1 ќе стартува во јуни

Ф1 сезоната во 2023 ќе стартува со трката за Големата награда на Бахреин/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

– Досега сè е откажано до средината на јуни, но ова е само во идеална ситуација – вели Австралиецот Рикардо, членот на тимот „Рено“.

Даниел Рикардо и покрај тоа што посакува Формула 1 трки да има за два месеци, поради ситуацијата со коронавирусот не е сигурен дека тоа ќе се случи.

Претходно првите луѓе на Ф1 прогнозираа дека првата трка годинава ќе биде во јуни за Големата награда на Канада.

Возачот на „Рено“ не верува дека ниту во јуни ќе стартува сезоната 2020 во „најбрзиот циркус на светот“.

– Не знаеме кога ќе почнеме. Мислам, тогаш ќе имаме исцрпувачки календар, бидејќи тие ќе сакаат да исцедат што повеќе трки во него пред Нова Година. Сакам да бидам подготвен во моментот кога ќе бидеме информирани. Би сакал трките да започнат во јуни. Досега сè е откажано до средината на јуни, но ова е само во идеална ситуација. Мислам дека сезоната ќе започне подоцна од јуни – рече Рикардо.

Во минатата сезона Австралиецот во конкуренцијата кај пилотите го освои деветтото место, без ниту еден подиум, најдобар пласман му беше четвртата позиција на трката во Италија.

Како и најголемиот број спортски првенства, така и натпреварите во Формула 1 се во застој поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот