И во услови на најголема криза успеавме да ги зголемиме платите и пензиите, вели Ковачевски

Премирот Димитар Ковачевски / Фото: Фејсбук

Премиерот Димитар Ковачевски, осврнувајќи се на постигнувањата во минатата 2022 година, на годишната конференција „Година на нови можности” денеска изјави дека Владата успеала да ги заштити граѓаните од големото поскапување на храната како последица на енергетската и кризата предизвикана со војната во Украина. Зголемена е просечната плата, како и пензиите, кои и оваа година ќе бидат зголемени. Растот на пензиите, додаде тој, е загарантиран со закон.

Премиерот Ковачевски потенцира дека има нови инвестиции, како и вложувања во капитални инвестиции, направени се низа системски решенија, а има и домашно производство на храна и енергија.

Во своето обраќање тој детално информираше што се е направено во 2022 и што се планира во 2023 година во сите сектори, субвенционирањето и мерките за помош на компаниите и граѓаните.

– Плановите на Владата имаат за цел да обезбедат подобар стандард и подобри услови за живот на сите граѓани и во услови на најголемата светска економска и енергетска криза, истакна меѓу другото Ковачевски.

Додаде дека минималната нето плата во март 2022 година се зголеми на 18.000 денари месечно, а со донесените измени и дополнувања на Законот за минимална плата во 2023 година, согласно порастот на трошоците на живот, премиерот информираше дека минималната плата ќе изнесува околу 20.200 денари.

Истакна дека е зголемена и просечната нето плата, која во ноември минатата година изнесувала 33.000 денари, што, како што вели е за четири илјади повеќе од претходната година во ноември.

Ги покачивме и пензиите во 2022 година и редовна и предвремена исплата, а следува и ново покачување во 2023 година. Околу 330 илјади пензионери во државата веќе земаат повисоки пензии почнувајќи од ланската септемвриска пензија. Пензиите, во 2022 година пораснаа околу 10 проценти, што е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година. Реков дека носевме и краткорочни, но и системски мерки, така што во оваа 2023 година следува ново покачување на пензиите, според новата методологија на пресметка, којашто предвидува усогласување на пензиите според трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, со ова покачување, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот