И во Струга ќе се поставува монтажна модуларна болница за ковид – пациенти

Клинички компплекс „Мајка Тереза“ Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во дворот од Струшката општа болница се подготвува теренот за поставување монтажна модуларна болница за пациенти позитивни или со симптоми на ковид-19.

Објектот, како што информира директорот на болницата, Мухамед Асани, ќе биде на површина од 600 метри квадратни.

– Тука ќе има лабораторија и предвидени се 35 кревети со цела опрема за пациенти позитивни или суспектни на Ковид-19, изјави Асани.

Според него, до крајот на неделата треба да биде бетониран просторот, каде ќе биде монтирана модуларната болница. Поставени се инсталации за приклучок на вода, струја и канализација.

Во моментот, како што нагласи директорот, во двата ковид – центри, односно во Интерното и во Детското одделение хоспитализирани се 35 пациенти, од кои 25 се позитивни на Ковид-19, а останатите се со симптоми. На располагање им се уште четири кревети предвидени за пациенти заразени со коронавирус.

За модуларната болница, рече дека можеби ќе биде потребен дополнителен медицински кадар, но за тоа ќе информираат откако ќе почнат со работа.

– И сега е тешко за организација со медицински персонал, но се организираме некако, со оглед на фактот дека и од нив има позитивни или во изолација, нагласи Асани

Модуларната болница во Струга, е дел од планираните 16 објекти, што ги најави Министерството за здравство за справување со есенскиот бран на коронавирусот. 

Градежна механизација од Битола, исто така, започна со подоготовка на терен со површина од 1.000 квадратни метри каде ќе бидат поставени три модуларни градби, нов ковид центар за сместување на пациенти инфицирани од вирусот корона.

Се гради модуларен ковид центар со 90 кревети во Клиничка болница-Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот