И во Прилеп првороденото бебе е женско, од градот доби подароци

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

Првото новородено бебе во Новата 2022 година во Прилеп е женско дете, второ на среќната мајка Ивона Смилеска. Првото бебе се роди речиси еден час по полноќ на Одделението за гинекологија и акушерство при прилепската Општа болница со проширена надлежност.

– Многу сум среќна и благодарна од тимот на целата болница, посебно од докторката Изабела, пресреќна сум што на ваков ден добив втора ќеркичка, рече мајката Ивона.

Неонатологот Лилјана Христоска нагласи дека детето е здраво и во општа добра состојба.

 – Првороденото бебе женско е здраво,  3 килограми тешко и 47 сантиметри долго. Се наоѓа во општа добра состојба. изјави Христоска.

Доктор Изабела Чочева-Талеска, гинеколог, честитајќи новогодишните празници истакна дека во Новата година на свет донесле живи и здрави две женски деца, а третото било на пат.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ги посети мајката и бебето и им посака здравје во Новата Година. Од името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот