И ВО ПРАВО Е: Нојер го откри главниот „проблем“ на Баерн Минхен! (ФОТО)

twitter.com/ThatArabKeeper

Голманот на Баерн Минхем, Мануел Нојер после завршувањето на натпреварот во Атина имаше една интересна изјава.

– Сами си го отежнавме животот. Немаме доволно доверба во нашата игра. Треба да продолжиме да ја анализираме нашата игра и да бараме каде можеме да се подобриме. Проблемот сега е што на секој натпревар треба да постигнеме дури три гола за да победиме. Затоа што на противникот му дозволуваме да постигне два – се зборовите на Нојер.

Баерн има девет бода после три кола во „Б“ групата од ЛШ и се наоѓа пред пласман во нокаут-фазата.

Кога станува збор за постигнатите голови, Нојер е целосно во право, доколку ги земеме во предвид и пријателските натпревари во летниот период, фудбалерите на Баерн триумфирале само на мечевите кога постигнувале три или повеќе голови.

принтскрин/flash scores
принтскрин/flash scores

Верувале или не, со три или повеќе голови победиле германските шампиони на 10 од последните 16 мечеви. На останатите шест средби имале од еден-два реализирани голови, но на крајот не успеале да триумфираат.

Последен пат со помалку од три гола триумфираа на Интернационалниот Куп на шампионите против Милан (1:0) на 24 јули, но тие контролни дуели беа сеуште дел од подготовките за новата сезона.

На официјален натпревар со помалку од три гола триумфираа дури во текот на минатата бундеслигашка сезона, на 20. април на домашен терен против Вердер Бремен (1:0).

Кратко и јасно, Баерн е вистинска „гол-машина“ без разлика на зборовите на Нојер. Доколку постигне три гола на меч, тоа е „сигурно“ триумф, но доколку ги нема, тогаш или е реми или пораз. На крајот може и победа, иако ги нема во голем број со толкава разлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот