И во Мичурин ќе се воведе зонско паркирање, во тек е анкетирање на жителите

Зонското паркирање во општина Аеродром продолжува да освојува нови територии.  Од Општината информираат дека по барање на граѓаните и во соработка со ЈП „Градски паркинг“ започната е кампања за информирање на граѓаните за бенефициите од зонското паркирање што треба да се воведе во населбата Мичурин.

Паралелно со информативната кампања, се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за иницијативата за регулирање на паркирањето во овој дел од општината. Со реализација на проектот се очекува конечно да се реши проблемот со паркирањето што ќе овозможи нови паркинг-места, бесплатно и сигурно паркирање за станарите, како и крај на проблемите со недостигот од паркинг-места и узурпирањето на паркингот од хаварисани возила – велат од Аеродром.

На жителите на Мичурин анкетните ливчиња ќе им бидат поделени преку претседателоте на заедниците на станари. На зградите веќе се закачени соопштенија со објаснување како се спроведува анкетирањето, а посочени се и бенефитите кои граѓаните ќе ги добијат со воведување на зонското паркирање како што се бесплатно паркирање до две возила за станарите, но и бесплатно паркирање во други зони во општината,  месечно паркирање на службено возило за 300 денари, гостинска паркинг карта за цена од 10 денари на час и друго.

Од Општината апелираат до граѓаните да се вклучат во анкетата, а по нејзиното завршување, Општина Аеродром ќе ги преземе сите неопходни активности за реализација на овој проект.

Инаку паркирањето во оваа општина е во Д-зона, за која паркирањето чини 25 денари од час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот