И во Европа постои училиште за ВОЛШЕБНИЦИ

„Волшебништвото“ отсекогаш било привлечно за многу луѓе од сите делови на светот. Во модерното време за тоа придонесе франшизата „Хари Потер“ за доживувањата на младиот волшебник и неговите пријатели.

Популарноста на волшебникот ја искористиле во Полска, поточно во бајковитиот замок Чоша, каде што се нудат четиридневни курсеви за „волшебиштво“, по чие завршување се добива и официјален сертификат.
Училиштето го нарекуваат „Хогвортс“, како и во приказната за Хари Потер. Во него предаваат различни професори. Некои од нив, како што ги опишуваат посетителите, се „збунети и расеани со лошо помнење“, а други „млади, остроумни и зборлести“.

Секако искуството не би било потполно без волшебничките спортови. Организаторите признале дека се потрудиле да го направат она што е сон на секој љубител на Хари Потер.

– Во суштина, настојувавме да користиме скоро сè што имаше во „Хогвортс“. Ентузијастите донесоа дури и волшебнички стапчиња, метли, дури и идентична гардероба за повеќе да потсетуваат на волшебниците од познатиот „Хогвортс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот