И ВО ДОБРО И ВО ЗЛО: Немаат скршена пара, но сепак ќе се венчаат повторно

џејми оливер џулс
Принтскрин/Инстаграм

Животот на Џулс Оливер е пред камерите исто време колку што и Џејми Оливер е јавна личност.

Нејзе ја знаеме уште од првата епизода на неговото прво шоу. Популарниот готвач неодамна целосно банкротираше и ги затвори сите свои ресторани, а должи и 71,5 милиони фунти.

Тој и Џулс имаат пет деца, а секогаш велат дека сакаат уште повеќе. Според нејзе, конечно дошло времето семејството да ѝ е на едно место и да одморат од динамиката на досегашниот живот.

Таа беше со него додека ја градеше својата империја, но и кога се појавија првите проблеми. Сепак, никој не очекувал банкрот, особено не 1.300 вработени во неговите ресторани и кујни.

Џејми и Џулс се венчаа во 2000 година, а заедно се уште од тинејџерска возраст. Следната година тие прославуваат 20-годишнина од бракот и решиле по тој повод да ги обноват брачните завети и повторно да се венчаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот