И Виландер застана на страната на Ѓоковиќ: Тој не е експерт, Владата му даде дозвола

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Легендарниот тенисер кој сега работи како коментарор, Матс Виландер, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по критиките во медиумите за организацијата на „Адриа тур“.

Виландер во разговор за „Уби Тенис“ со познатите новинари Убалдо Скангата и Стив Флинк зборуваше за ситуацијата во која се најде првиот тенисер на АТП ранг листата по „Адриа тур“.

– Го интервјуирав Новак на првиот ден од „Адриа тур“, беше многу возбуден што се одржува тој турнир, имаше солзи во очите поради сети тоа, но и поради поддршката од трибините. Српската влада даде дозвола да се одржи турнирот и тука треба да престанат сите расправии. Одговорноста која ја имаше, Новак ја исполни, но сето тоа се индивидуални одлуки. Новак не е експерт, српската влада и експертите се тие кои лошо ја проценија состојбата. Лошо се чувствував поради Новак како човек бидејќи вложи многу труд во турниртот. Можеби беше наивен, но истовремено тоа не го повреди само Ѓоковиќ туку и целиот професионален тенис – објаснува Виландер кој исто така вели дека не му е јасно српскиот тенисер добива толку многу критики.

– Изненадувачки и што го напаѓаат исклучиво него иако нема да биде изненадување доколку се знае дека тој е број еден. Ѓоковиќ е интелигентна личност и ќе ги среди работите. Одлуката да ги одржи турнирите беше критична бидејќи светот се уште се наоѓа во опасна фаза, но во исто време треба да му се оддаде признание бидејќи барем се обидува нешто да направи. Лесно е да се криете и да не работите ништо како што го прават голем број на тенисери. Новак има причини да излезе со своите идеи и да ризикува. Тоа понекогаш е добро, понекогаш лошо, а јас му честитам на обидот и секој треба да размисли два пати пред нешто да каже. Новак сега немаше среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот