И „викингот“ се разочара од Трамп: Ме предаде

Напад во Капитол Хил / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

На почетокот од оваа недела, пред да ја напушти претседателската канцеларија, Доналд Трамп сè уште се тешеше дека и покрај сè, неговите поддржувачи сè уште го сакаат. Сепак, се чини дека, откако ги изгуби претседателските овластувања, дури и еден од неговите најпознати поддржувачи го напушти.

Адвокатот на Џејкоб Ченсли, попознат како „шаманот на Кјуанон“, односно човекот кој со крзно и рогови упадна во Конгресот, рече дека неговиот клиент се чувствува предаден.

– Ченсли длабоко жали, не само затоа што претседателот го изневери, туку и затоа што се стави во позиција каде што донесуваше одлуки што не требаше да ги донесе, рече адвокатот Ал Воткинс, пишува Дејли Бист.

Чeнсли беше уапсен по немирите, а минатата недела го молеше Трамп за помилување. Сепак, тој не го доби помилувањето.

Извор: Индекс хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот