И Вардар доби службена победа

фото: Слободен печат/Драган Митрески

ЕХФ денеска и официјално ја донесе одлуката околу доделување на бодовите за оние натпревари кои беа одложени и нема да се одиграат во предвидениот рок до 4. март и по службените триумфи на Е. Пелистер и Металург, бодови доби и македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Вардар.

Вардар доби вкупно три бода за трите неодиграни натпревари во групната фаза од ЛШ, откако ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10:0 на Вардар за дуелот кој требаше да се игра против Фленсбург во Германија и тоа поради недопуштањето на германските власти „црвено-црните“ да влезат во оваа земја без притоа да минат задолжителен карантин. Вардар доби дополнителен бод и за гостинскиот натпревар против ПСЖ што е регистриран со службен резултат 5:5. Неочекувано, „црвено-црните“ службено го загубија домашниот дуел со ПСЖ, кој е регистриран со 0:10 за францускиот првак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот