И вакцинираните може да пренесат ковид, подобро е да седат дома, предупредува британски експерт

Германија/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Водечкиот британски епидемиолог Џонатан Ван-Там поредупреди дека лицата кои примиле вакцина против ковид-19 можат да пренесат инфекција и би требало да продолжат да ги почитуваат правилата за карантин.

Ван-Там кој е и заменик министер за здравство на Велика Британија нагласи дека научниците „се уште не го знаат влијанието на вакцините на пренесување на заразата“, пренесе  БиБиСи.

Тој рече дека вакцината дава „надеж“, но дека стапката на зараза мора брзо да почне да опаѓа.

Министерот за здравство на Велика Британија рече дека 75 отсто од граѓаните постари од 80 години ја примиле првата доза од вакцината.

За комплетен процес на вакцинација се потребни две дози од вакцината Фајзер-Бионтек и Оксфорд -АстраЗенека, а бројот на вакцинирани досега покажува дека тие ја примиле само првата доза.

Професорот Ван-Там изјави дека „ниту една вакцина никогаш не била“ 100 проценти ефикасна, така што нема загарантирана заштита.

Тој наведе дека се потребни најмалку три недели по вакцинирањето за целосно да се развие имунолошки одговор кај постарите лица.

„Дури и кога ќе ги примите двете дози вакцини, може и натаму да пренесете ковид-19 на некој друг и ланците на пренос ќе продолжат“, рече Ван-Там.

Тој ги предупреди граѓаните да се придржуваат до мерките и после вакцинацијата за да не ги изложуваат на ризици другите луѓе кои чекаат да ја примат својата доза.

Извор: Бета

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот