И Турција го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО – Слободен печат
ВестиМакедонија

И Турција го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО

Досега околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот за прием на Македонија, а во земја останатите отпочнати се постапките за ратификацијата.

Министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави дека Турција вечерва и официјално го ратификувала протоколот за членство на Македонија во НАТО.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!“, напиша Шекеринска на социјалните мрежи.

Досега околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот за прием на Македонија, а во земја останатите отпочнати се постапките за ратификацијата, како што се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија и САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close