И тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ е позитивен на корона

EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Хрватот е последниот од тенисерите и организацијата на „Адриа тур“ кој е позитивен на ковид-19. Откако Димитров откри дека е позитивен на коронавирус, се откажа финалето на „Адриа тур“ играчите, тренерите и луѓето од организацијата експресно се тестираа и тогаш резултатот беше негативен за Иванишевиќ.

„За жал по два негативни теста во последните десет дена, само што дознав дека сум позитивен на коронавирус. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Го известувам сите кои биле во контакт со мене дека добил позитивен тест и ги молам луѓето да внимаваат на своето здравје. Ќе останам во самоизолација како и досега, на сите зараземи им посакувам брзо опоравување“ напиша Иванишевиќ на неговиот инстаграм-профил.

Иванишевиќ и Ѓоковиќ почнаа да работат заедно од Вимблдон на кој триумфира српскиот тенисер како и на Австралија Опен оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот