И Трајковски во Серија А, алтернатива за Иличиќ

EPA/CLAUDIO GIOVANNINI

После казната која ја доби Палермо од италијанската федерација, тоа воедно значеше и повторно активирање на понудите од калчолигашите за нашите двајца интернационалци Трајковски и Несторовски.

Голема е веројатноста од наредната сезона напаѓачите да имаат нови клупски обврски, Несторовски кој во меѓувреме бара правда за Палермо, еден од најдобрите стрелци на клубот, го преселуваат во Парма, Аталанта, Фиорентина, Џенова на Горан Пандев…

И Александар Трајковски би можел многу лесно да заврши во Серија А, односно екипата на Аталанта ја „скенира“ неговата ситуација и го гледаат нашиот играч како алтернатива, замена за Словенецот Јосип Иличиќ.

За Иличиќ, пак, се шпекулира дека би можел да ја продолжи својата кариера во редовите на Наполи. Сезонава во шампионатот на Серија Б Трајковски за Палермо во 34 мечеви реализираше досега осум голови.

Пред да се пресели на Апенините, нашиот фудбалер ги бранеше уште боите на белгиските Зулте Варегем и Мехелен, и хрватскиот Интер Запрешиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот