И ТОА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ: Проверете дали претерувате со туширање
Топлото време и честото потење придонесуваат почесто да се тушираме. Но, дали тоа е добро за нас?
Секако, разладувањето и хигиената во овој дел од годината се многу важни, но следете дали можеби имате некој од следниве симптоми, кои покажуваат дека можеби треба да намалите малку.
Чувствувате чешање
Чешањето е многу непријатно, а ако нема други причини за тоа, пребројте колку пати се истуширавте денеска. Сапунот и геловите ги испираат сите природни масла кои вашата кожа ги лачи.
Постојано ви треба туширање
Едно е да се туширате после работа и после тренинг, но ако треба тоа да го направите и после најмала активност од неколку минути, тоа е знак дека претерувате.
Кожата ви е многу сува
Никој не сака сува кожа, а претераното туширање води токму до тоа, особено поради козметиката која ја користите и постојаното бришење со крпа или бањарка.
Имате црвенило
Ако покрај сувоста и чешањето, се појави и црвенило, тоа значи дека дефинитивно сте претерале и сте го уништиле површинскиот слој на микрофлора кој служи за да ја заштити кожата од иритации.