И ТОА ИМА: Градоначалникот на Лесковац го прослави третиот роденден на својот докторат

Градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ, го одбележа 3. роденден на својот докторат, а тоа е објавено и на официјалната страница на Лесковац, во рубриката вести, пренесува српски Блиц.

На официјалната страница на градот Лесковац, има фотографија од градоначалникот како стои покрај пано на кое има презентација која изгледа како во моментот да се брани докторски труд.

„Градоначалникот на Лесковац, доктор по медицински науки Горан Цветановиќ, докторираше пред три години на Медицинскиот факултет во Ниш со оценка десет“, пишува во првата реченица под фотографијата.

Градоначалникот на Лесковац инаку е лекар интернист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот