И ТОА Е МОЖНО: Оваа храна не ве заситува, туку уште повеќе ве изгладнува

Сигурно барем еднаш ви се случило да се чувствувате гладни дури и кога сте преполни со храна и никако да не можете да се заситите.

Ако внимателно следите, тогаш ќе сфатите дека тоа ви се случува само поради одредени видови храна.

Никогаш не е доцна да научите што треба да исфрлите од своето мени за да ги избегнете ваквите проблеми.

Помфрит

Вкусниот помфрит има култен статус во многу кујни, а на неговата крцкавост ретко кој може да одолее. Може да се јадат како прилог на други јадења, најчесто месо. Но, кога ги јадете само нив, се преполнувате со скроб и калории кои не заситуваат.

Бели тестенини

Сигурно сте помислиле дека можете да го изедете целото тенџере, особено кога се послужени со некој вкусен сос. Но, држат ситост кратко откако ќе го изедете оброкот. Тие ја покачуваат глукозата во крвта, поради што се чувствувате уште погладни.

Овошен јогурт

Ваквиот јогурт ве заситува во моментот кога го пиете, но веќе по некое време повторно сте гладни. Бидејќи во купениот овошен јогурт има и многу шеќер, подобро е да купите обичен и самите да додадете свежо овошје, семки или јатки.

Хот-дог

Една од најомилените брзи храни, која истовремено е и многу вкусна, но и тешка за дигестивниот систем. Виршлата е преполна со сол, конзерванси и други емулгатори и адитиви, поради кои вашиот организам ќе бара да внесете нешто поконкретно и похранливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот