И ТОА Е МОЖНО: Хакиран профилот на директорот на Твитер, испраќани вулгарни пораки

Твитер покренува најпрво внатрешна, а потоа и целокупна истрага, откако било забележано дека од профилот на извршниот директор се испраќани вулгарни и расистички пораки.

Од прифилот на Џек Дорси биле испраќани пораки со вулгарна, расистичка и политички некоректна содржина, речиси до сите негови следбеници.

Ова не е првпат основачот на Твитер да доживее „баксуз“ со својот профил токму на мрежата која ја води. Пред околу две години неговата корисничка сметка била блокирана, но подоцна се покажало дека се работи за интерна грешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот