И Тим се откажа од настап на ОИ во Токио

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Австрискиот тенисер Доминик Тим одлучи да го пропушти настапот на летните Олимписки игри кои летово ќе се одржат во Токио со штп му се приклучи на Рафаел Надал, кој исто така се откажа.

„Сакам да споделам тажни вести со вас. По разговор со тимот и по анализата на ситуацијата се одлучив за тешка одлука, да се откажам од настапот на Олимписките игри во Токио. За мене како спортист не постои поголема чест да ја претставувам својата држава на Олимписките игри и поради тоа ова е тешка одлука. Последните две недели тренирав напорно и почнав да наптредувам на полето на концентрацијата и кондицијата. Мојата цел е напорна работа во наредните недели и да дадам се од себе на Вимблдон како и да ја одбранам титулата на УС Опен. Млад сум и се надевам дека ќе играм за Австрија на Игрите во Париз во 2024 година“, напиша Тим на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот