И теоретски Вардар ја потврди новата титула

Фото: РК ВАРДАР

Куп трофејот го загубија после поразот од Металург, но овој успех секако ќе ја врати позитивната атмосфера во пресрет на Фајнал фор турнирот во Лигата на шампионите кој што наскоро ќе се одржи во Келн.

Почетните пет минути од натпреварот поминаа во една израмнета борба (2:2), а во десеттата минута тимот на Вардар стекна предност од 5:3. Како што одминуваше првото полувреме така и „црвено-црните“ ја зголемуваа предноста и реализацијата на нападите. На пет минути пред паузата, тимот на Парондо одигра одлично, па така на пауза замина со плус пет позитива, 19:14.

На стартот од второто полувреме беа решени скоро сите дилеми околу победникот, по само шест минути игра резултатот на семафорот изгледаше 24:16. Немилосрдно се полнеше мрежата на битолскиот клуб, Стоилов со два гола во серија го донесе Вардар на веќе недостижни +10, 27:17.

Фото: РК ВАРДАР

Најпрецизен во победничките редови беше Тимур Дибиров со 10 гола, а на спротивната страна за Еурофарм Работник доминираше Филип Кузмановски со осум погодоци.

Вардар е најтрофеен тим во нашата земја со вкупно 28 титули во 27 сезони. 13 пати шампион на Македонија, 13 пати победник во Купот и два пати во Супер купот.

„Црвено-црните” се единствен тим со повеќе од 10 титули во Македонија, а Вардар е првиот со рекордни 13 титули, прв со пет титули по ред, како и прв тим кој двапати освојувал по четири титули по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот