И советничката Келиен Конвеј најави заминување од тимот на Трамп

epa08621540 (FILE) - US Republican presidential nominee Donald Trump (C-L) poses with campaign manager Kellyanne Conway (C-R) on stage at his 2016 US presidential Election Night event as votes continue to be counted at the New York Hilton Midtown in New York, New York, USA, 08 November 2016 (reissued 24 August 2020). Counselor to the President Kellyanne Conway has announced that she will leave the White House at the end of August 2020. EPA-EFE/SHAWN THEW

Советничката во Белата куќа и претставничка за медиумите на американскиот претседател, Келиен Конвеј, синоќа соопшти дека на крајот на август ќе го напушти претседателскиот тим, заради, како што наведе, семејни причини.

Нејзиното заминување од Белата куќа на два месеци пред ноемвриските претседателски избори, се совпаѓа со најделикатниот период за Трамп, кој води кампања за нов мандат и се надева на реизбор, пренесуваат американските медиуми.

Келиен Конвеј / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Заминувањето на Конвеј е удар за актуелниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи го напушта еден од најстраствените претставници на медиумите во Белата куќа и лојален соработник кој безрезервно се залагаше за неговата политика и ги бранеше неговите политички одлуки.

Нејзините кратки, концизни, остри и редовни прес-конференции помогнаа да се запре брзото губење на поддршката за американскиот претседател за време на епидемијата на коронавирусот.

Доналд и Меланија Трамп и Келиен Конвеј / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Сопругот на советничката, Џорџ Конвеј, инаку конзервативен адвокат и ко-основач на движењето „Линколн Проект”, кое е фундаментално антитрамповско, пред извесно време соопшти дека се повлекува од проектот затоа што не сака да биде во конфликт со сопругата и ќерката.

Американскиот претседател своевремено Џорџ Конвеј го нарече „врескач” и „ пеколен сопруг”, на што доби одговор дека е „ментално неспособен за американски претседател”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот