И следната седмица ќе врне и ќе грми

дожд скопе
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Во текот на следната седмица во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во петок и во деновите од викендот.

Како што најавува УХМР, времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот