И „Шверцери“ се вклучуваат во потрагата по исчезнатите девојчиња Аниса и Мелиса

Навивачката група „Шверцери“ ги повика своите членови да се вклучат во потрагата по двете девојчиња од Скопје, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, кои исчезнаа вчера.
„Ги повикуваме нашите членови од секое маало, од секоја подгрупа, од 21:30 до 22:00 часот, ве очекуваме да се сретнеме на плоштадот „Скендербег“, а оттука ќе излеземе во потрага по нашите сестри. Ни треба помош од сите! Аниса и Мелиса се наши ќерки и сестри!“, се вели во повикот на „Шверцерите“.
Полицијата трага по двете девојчиња, чии родители вчера ги пријавиле за исчезнати.
Според родителите, помалата Аниса исчезнала откако постарото девојче, Мелиса, дошла во нејзината училница да ја повика да излезе од часот. Мелиса претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана, велат од полицијата.