И, што е, на крајот на краиштата, феминизaм? Феминизмот е синоним на зборот еднаквост

Феминизмот не е во тоа жените да станат посилни. Жените се веќе силни, туку во промената на начинот на кој светот ја доживува таа сила.

И, што е, на крајот на краиштата, феминизмот? Ова прашање честопати им се упатува на феминистките, како да постои конкретна дефиниција, која во едноставна постапка ќе го опфати изобилството пракса и широката теорија содржана во овој поим. Некои одат дотаму што дури и веруваат дека да се биде феминистка е нова форма на родова дискриминација, поради која, секогаш врз основа на сексистички претпоставки, овој пат би било женскиот пол да го потчинува машкиот пол. Се разбира, тоа е погрешно мислење засновано на предрасуди и слабо познавање на феминистичкото движење. Ако сте за еднакви права и можности на жените, тогаш слободно може да кажете за себе дека сте феминист/ка. Ако сметате дека жената која работи има право на иста плата како и мажот што ја работи истата работа, тогаш и вие го поддржувате едниот од основните принципи на феминизмот. Ако се согласувате дека работните обврски во домот не треба да се делат на машки и на женски, поддржувачи сте на феминизмот, колку и да ве нервира тој збор. Или, сепак, не сте за тоа?

За да доловиме што стои зад терминот феминизам, го позајмивме гласот на некои од чудесните жени – феминистки.

Ако си маж кој верува дека твојата ќерка треба да ги има истите можности и права како твојот син, ти си феминист. фото Фејсбук

„Дефиницијата за феминизмот ја сместив во мојата песна `Беспрекорна` (Flawless) и ја истакнав на турнејата не поради пропаганда или за да му објавам на светот дека сум феминистка, туку за да го разјаснам вистинското значење на тој термин. Не сум сигурна дали луѓето знаат и дали разбираат што значи да се биде феминист/ка, но тоа е многу едноставно. Тоа е кога некој верува во еднакви права за мажите и жените. Не ја разбирам негативната конотација на тој збор или зошто треба да го исклучи спротивниот пол. Ако си маж кој верува дека твојата ќерка треба да ги има истите можности и права како твојот син, ти си феминист. Неопходно е мажите и жените да ги разберат двојните стандарди што сè уште постојат во светот и треба сериозно да разговараме за тоа како можеме да почнеме да работиме на промени“, Бијонсе, една од најпопуларните пејачки на денешницата.

„Пуси рајот“ го креваат средниот прст на зборот пачавра. Фото Фејсбук.

„Жените ги посрамотуваа и на тој начин ги контролираа, затоа ги обожавам жените што се гордеат со сопственото тело: Мадона, Криси Хајнд, Џоан Џет, Бони Рајт. Ги сакам „Пуси рајот“ повеќе од сè на светот. Сите тие го креваат средниот прст на зборот пачавра. Носат што сакаат, се однесуваат како сакаат“, Хелен Мирен, глумица.

Мора да работиме многу повеќе часови и повеќе да се жртвуваме. Фото Фејсбук.

„Јасно е дека не им е лесно за жените во современото општество, без оглед каде живеат. Сè уште треба да минеме многу километри за да докажеме дека сме еднакви со мажите. Мора да работиме многу повеќе часови и повеќе да се жртвуваме. Но ние мора емоционално да се заштитиме себеси од оние нефер, честопати злобни напади врз нас преку машките членови на нашето семејство“,  Беназир Буто, прва жена на чело на муслиманска држава.

„Жените од идните генерации ќе покажат какви се вистинските капацитети на жените. Тие ќе имаат физичка, економска, расна и граѓанска слобода. Што ли ќе направат со неа?“, Клелија Мошер, пионерка на истражувањето на женската сексуалност.  

„Да се биде феминистка, во вистинска смисла на зборот, значи да им се посакува на сите луѓе, мажи и жени, ослободување од моделите на сексистичките улоги, доминации и угнетувања“, Бел Хукс, писателка и социјална активистка. Фото Фејсбук.

„Кога ќе ме прашаат дали сум феминистичка режисерка, им одговарам дека сум жена и дека правам филмови“, Шантал Акерман, режисерка на внатрешниот живот на жените.

ога велам феминистички, тоа го мислам на најсложен, интересен и возбудлив начин. Фото Фејсбук

„Што е збунувачко за феминизмот? Тоа значи да се биде свесен за своите способности дека можете да го направите она што треба да се направи. Тоа не значи дека не го сакате вашето момче или што и да е… Кога велам феминистички, тоа го мислам на најсложен, интересен и возбудлив начин!“, Миранда Џулај, мултидисциплинарна уметница.

„Лично никогаш не успеав да дознаам што е точно феминизам, знам само дека луѓето ме нарекуваат феминистка кога и да иксажам мислење што ме разликува од черга или од проститутка“, Ребека Вест, писателка, критичарка и патописец. 

„Жена која се откажува од феминизмот е жена која не ја разбира големата количина на обработен труд“, Диаманда Галас, пијанистка.

„Ако се залагате за еднаквост, тогаш сте феминист. Жал ми е што ова ви го кажав“, Ема Вотсон, глумица. Фото Фејсбук.

„Феминизмот не е во тоа жените да станат посилни, жените се веќе силни, туку во промената на начинот на кој светот ја доживува таа сила“, Г.Д. Андерсон, писателка.

Сега сме тука, жени сме во светот, и нема да бидеме малтретирани. Фото Фејсбук.

„Можеме да заклучиме дека, со технолошката револуција, најпровокативната, дестабилизирачка, возбудлива промена во човечката историја е тоа што сме конечно присутни. Сега сме тука, жени сме во светот, и нема да бидеме малтретирани“, Мерил Стрип, глумица.

„Нема ништо лошо во тоа да се нарекувам феминистка. Значи, јас сум феминистка и сите би требале да бидеме феминистки, зашто феминизмот е втор збор за еднаквост“, Малала Јусафзаи, активистка за женско образование и најмлад лауреат на Нобелова награда.

Нема ништо лошо во тоа да се нарекувам феминистка. Значи, јас сум феминистка и сите би требале да бидеме феминистки, зашто феминизмот е втор збор за еднаквост. Фото Фејсбук.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот