И селекторот го „советува“ Елмас: Јас би ја избрал Италија!

twitter.com/fanatikcomtr

Ангеловски зборува околу евентуалниот нов клуб на нашиот фудбалски „Дијамант“ Елиф Елмас кој до сега настапуваше за Фенербахче.

Нашиот стратег вели дека еден од нашите најискусни репрезентативци и член на Џенова, Горан Пандев го советува Елмас да се пресели во Италија.

– Елмас е добар човек и многу силен играч. Со технички вештини, брз со топката, паметен и со голем карактер – вели Ангеловски.

Запрашан дали Елмас е идниот „Пандев“, Мрме одговори:

– Дали би можел да биде силен како Пандев? Мораме да бидеме свесни кој е Пандев за Македонците, тој е најдобриот македонски фудбалер на сите времиња и затоа мора да биде почитуван. Во тоа дали Елмас би можел да биде „вториот Пандев“ или „следниот Пандев“, ќе покаже времето и рано е сега да се зборува. Како и да е, Елиф ги има сите предуслови да се развива и докажува уште повеќе како играч – додаде селекторот на „црвено-жолтите“.

Елмас се поврзува со трансфер во голем број европски клубови, меѓу нив е и Наполи на славниот тренер Карло Анчелоти.

– Ги има квалитетите да игра во сите национални лиги, да игра било каде. Настапувајќи во Турција за Фенербахче е важен чекор за него. На негово место јас би ја избрал Италија, а таму ги има најдобрите тренери. Исто така и Пандев го советува да игра во Серија А, а таму може самиот да се комплетира како играч. Ги сакам и почитувам Наполи и Анчелоти, но и останатите клубови во Италија. Се надевам дека еден ден Елмас ќе биде еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа – се зборовите на Ангеловски за „Радио Марте“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот