И СДСМ ја зголемуваше минималната плата, па изгуби најдрастично во историјата, вели претставникот на газдите, Ангел Димитров

Фото: ТВ21

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека и претходната Влада на СДСМ драстично ја зголемувала минималната плата, но на крајот изгубила најдрастично во историјата.

Според него, искуството не покажува дека тоа е шанса за успех на избори.

„Претходната влада ја покачија веднаш платата од 10 на 12 илјади денари, па од 12 на 15 илјади денари, па од 15 на 18 илјади денари. Ја качија драстично минималната плата, но на крајот на краиштата изгубија најдрастично во историјата на Социјалдемократскиот сојуз, што значи дека не се решаваат проблемите во државата само со пораст на минималната плата“, рече Ангелов.

Трендафилов: Ако ги прашувате работодавачите, уште ќе им работевме за 10.000 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот