И рестораните имаат свои ботови: Можат да си купат рецензија за 3 долари

Честопати гостите се определуваат за одреден ресторан или клуб така што претходно ги читаат рецензиите на гостите на интернет.

Но, сè повеќе ресторани се обидуваат да ги привлечат луѓето со купување на лажни интернет-оценки на гости, следбеници на Фејсбук и Инстаграм, како и лајкови на објавите на рестораните, пишуваат европските медиуми.

Деновиве на интернет се појавија информации за тоа како и по која цена можат да се купат рецензии, а една од препораките е на Трип адвајзор, но не е занемарливо влијанието на Инстаграм и на Фејсбук.

Купувањето на позитивните рецензии може да се објави преку различни веб-страници, кои се занимаваат со оваа работа преку интернет, а цените се движат од 3 долари нагоре.

Еден сајт им нуди на угостителите 50 одлични оценки кои би ги оставиле гости од Америка по цена од 122 долари. За тие пари „гостите“ на официјалниот сајт на ресторанот би престојувале петнаесетина дена и би оставле лажни платени оценки кои би ги поттикнувале и останатите да го посетат ресторанот.

Од друга страна, за 100 следбеници на Инстаграм доволно е да се издвојат 2,99 долари, додека за 1.000, 12,99 долари,

Онлајн-манипулациите отишле дотаму што по нарачка се отвораат и лажни теми кои различни членови меѓусебно ги коментираат и на тој начин обезбедуваат подобра видливост на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот