И Рама ги повика Азербејџан и Ерменија на преговарачка маса

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во својство на претседавач на ОБСЕ, доцна синоќа реагираше на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија.

Преку објава на официјалната интернет страница на ОБСЕ, Рама пишува дека двете страни вклучени во конфликтот мора да се вратат во нормала, притоа додавајќи дека никој не сака жртви.

„Апелирам до сите инволвирани веднаш да се вратат на примирјето, пред бројот на жртви во овој конфликт да се зголеми дополнително. Добро е двете земји да започнат преговори, напиша Рама.

Тој истакнува дека копретседавачите на Групата од Минск на ОБСЕ и личниот претставник на претседавачот, амбасадорот Анджеј Каспрзик биле во близок контакт со страните.

-Целосно ги поддржуваме напорите за стабилизирање на состојбата на теренот. Нема алтернатива за мирно решение на конфликтот освен преговори. Преговорите меѓу двете земји треба да започнат што е можно поскоро. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите во оваа последна рунда насилство, наведува Рама. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот