И првиот човек на Ла Лига призна: ВАР работи за Реал Мадрид

Првиот човек на Ла Лига повторно го нападна ПСЖ кого го смета за непријател на фудбалот/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Изјавата на Хавиер Тебас ќе предизвика бура во Шпанија.

Реал Мадрид се наоѓа на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига но како што стојат работите тоа нема да помине без контроверзи.

Откако е продолжена сезоната, Реал Мадрид само на еден натпревар немаше „помош“ од ВАР технологијата и речиси по секој натпревар на „кралевите“ токму тоа е главната тема. Така е и денеска по вчерашната победа на Реал на гостувањето кај Атлетик Билбао бидејќи за идентична ситуација во двата шеснаесетника, судијата имаше двојни аршини. Беше досуден пенал за Реал Мадрид, додека тоа не беше случај за Атлетик иако Серхио Рамос го нагази Раул Гарсија.

ВАР технологијата во Шпанија не реагира против Реал: Може пенал за „кралевите“, а не може за Атлетик

Денеска се јави и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој го обвини претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дека стои зад се.

– Упорно повторувам дека се во врска со видео технологијата во Шпанија се смени откако Флорентино Перез во јануари годинава лично му се јави на претседателот на Федерацијата, Луис Рубиалес за да му се пожали на судењето и тоа по само 20 минути откако заврши нивниот натпревар. Според мене, тоа е скандалозно, недозволиво и непримерно однесување и директен притисок на судиите и судењето. Тој телефонски повик смени се, направен е непотребен притисок кој доведе до несогласување помеѓу судијата во ВАР собата и главниот судија на теренот – изјави Тебас.

Инаку, претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, не се добри односи и често се расправаат преку медиумите. Исто така не е тајна дека Рубиалес и близок со Флорентино Перез поради што сите, не само навивачите на Барселона, се сомневаат во регуларноста на Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот