И професори од УКИМ жртви на сексуално вознемирување од колеги и како и студентите, не знаеле каде да пријават

Горан Лефков, студент кој учествуваше во истражувањето за сексуално вознемирување/Фото: Слободен печат

Сексуални шеги, шеги кои се темелат на родови стереотипи, упатување коментари за физичкиот изглед, континуирано зјапање, барање сексуални услуги за успех на факултет, мејлови и пораки со експлицитна сексуаално содржина, сето тоа е сексуално вознемирување.

Поттикнати од судските пресуди за случајот „Еразмус“ во кој неколку професори и деканот на Економскиот факултет беа осудени за злоупотреба на положбата, односно за изнудување на сексуални услуги од страна на студентки, група студенти од УКИМ одлучија да направат истражување за сексуалното вознемирување на Универзитетот врз студентите, меѓу нив но и меѓу колегите – професори.

Резултатите се фрапантни бидејќи голем дел од студентите не го препознаваат сексуалното вознемирување како форма на родово базирано насилство, кое потоа треба и да го пријават и дури да подлежи и на санкции во натамошната постапка.

-Сексуално вознемирање е чин на вознемирување кое е по дефиниција е непосакувано однесување кон одредена личност, дали вербално или физички, но студентите не го препознаваат бидејќи е премногу нормализирано на некој начин зошто некои „комплименти“ или „додворувања“ може да се доживеат и како непосакувано однесување или вознемирување и  студентите често не го препознаваат бидејќи се смета како нормално. Истражувањето покажа дека дури и колеги професори  и студенти со врсниците го имаат истото однесување, вели Горан Лефков, студент кој учестуваше во истражувањето за перцепциите и искуствата со сексуалното вознемирање.

Она што во некои кругови може да се смета како нормално, при додворување да се употреби „девојче“, „кукле“, „маче“ или „злато“, во академските е сериозен индикатор за сексуално вознемирување штом го употреби професор кон студентка.

-Студентите најмногу препознаваат директно физичко вознемирување, она што е очигледно додека помалку го препознаваат она што е посуптилно вознемирување. Има степен на вознемирување и во односите меѓу студенти со колеги, но и меѓу студенти и професори, а постои меѓу меѓу професори и за тоа има и сведоштва кои со нас ги споделија професорите, вели Лефков во гостувањето во емисијата „Утрински печат“ на Слбодна ТВ.

„Некои од постарите машки професори (сега во пензија) за време на мојот академски развој ми упатувале непристојни комплименти поврзани со мојот изглед – поточно сексапил – или давале непристојни коментари за други колешки. Сексуален напад имам искусено, но пружив отпор“, сведочи една професорка од УКИМ, наведена само како Испитаник 4 која одговорила на е-анкетата од студентите.

-Искрено очекувавме одговори од професори, но не очекувавме толку детално да кажуваат за своите искуства и имаме цели цитати. Ние конултиравме 26-30 професори но од нив само 9 ни вратија со одговори на прашалникот и сите 9 се професорки. Не очекувамве толку детални одговори од професорките за нивните искуства како студентки или додека минувале низ академскиот процес па и како професори, но еве добивме детални објаснувања. Податоците покажуваат дека 66 проценти од анкетираните професори не знаеле каде да пријават сексуално вознемирување иако работат на факултетот и ја познаваат проблематиката, па како можеме да очекуваме некој студент да знае или да се осмели да пријави, дециден е Лефков.

Тој потсетува на уште едно сведочење кога професорка била цел на физички напад од колега и лично се справила со тоа.

-Се справив, го конфронтирав сторителиот ни алудира таа и излегува дека сама професорката сама се справила со случајот и тука завршува точката и сега не знаеме дали сторителот можеби уште предава, можеби и мене ми предава, немал никаква санкција и не знаеме што се случило со него, а професорката морала на некој начин сама да се одбрани, сама да се заштити  од ситуацијата што е алармантно, вели Лефков.

Проблемот со пријавувањето поради незнаење и недоверба останува отворено иако како инстанци студентите го имаат студентскиот правобранител, деканатот, МВР, но податоците не се охрабрувачки, вели Лефков, бидејќи 16 од испитаниците пријавиле кај надлежните органи, но само еден случај имал успешна разврска на суд, а една петина од испитанците во мементот на случувањето не го препознале сексуалното вознемирување.

-УКИМ треба да биде заштитник на студентите, да има место каде студентите можат да пријават без страв дека ќе дознае професорот или ќе ги дознае академската средина. Сега не пријавуваат бидејќи не знаат дали ќе  имаат последици по нивната академска кариера. Не знаат што ќе се случи ако пријават, па затоа треба да има процедура за пријавување, да знаат дека системот ќе ги заштити, ќе се задржи анонимноста, ќе се истражи случајот и евентуално ако треба ќе се санкционира сторителот. УКИМ има етички кодекс кој го осудува сексуалното вознемирување, но не го препознава во сите форми и мора да се надополни, смета Горан Лефков, соговорник во „Утрински печат“.

Целиот разговор со Горан Лефков, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот