И Прличев би „киснел“ „КАЈ СЕРДАРОТ“, па камоли ние (ВИДЕО)

Да бевме од оние кои делат „мишлен“ ѕвездички, на кафеаната „Кај Сердарот“ ќе ѝ дадевме три ѕвездички. Толку се максимум, според гастрономските критериуми дефинирани вака: „една ѕвезда е за – многу добар во својата категорија, втората за извонредна кујна, а третата за исклучителна храна. Ама „пошто“ не сме, ете, му доделуваме на „Кај Сердарот“, три големи букви М. Значи, МММ….

Што дегустиравме? Ич не прашувајте. „Тргнавме“ од шопска со нафора, продолживме со гравчето на тавчето (што би рекле, странците, кои се постојано тука), брилиравме со домашни колбаси, завршивме со превкусна 10-ка со кромид, па се облаживме со плескавица со кајмак.

За оваа легендарна кафеана, сместена во срцето на Старата скопска чаршија, се бара место повеќе. Со години, (нај)високо котира на „Трип Адвајзор“. А, зад целата оваа гастрономска приказна стои харизматичниот прилепчанец Влатко Ачески, кој си ја крстил кафеаната по љубовта кон делото на македонскиот поет и преродбеник, Григор Прличев.

За сите свои муштерии да успее да стигне да ги услужи и послужи на најдобар можен начин, газда Влатко има повеќе раце, како оние индиските божества. Едни од нив (мислиме на рацете) се викаат Лепа, Давор, Влатко…

Муабетот со Влатко погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот