И премиерот Харадинај во април бил мета на руските хумористи

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Според Шон Волкер, кој е новинар на The Guardian, премиерот Рамуш Харадинај, исто така бил измамен од страна на руските хумористи, Вован и Лексус.

Преку напис на Твитер, Рамуш Харадинај му честитал на украинскиот народ слободни и демократски избори, како и на украинскиот претседател, Петро Порошенко, пренесува Клан Косова.

Тој во својот статус што подоцна го избришал од Твитер, му посакал се најдобро и на „идниот премиер“ на Украина, Вован Лексусов.

Сепак ова не го пропуштил дописникот Шон Волкер, кој рекол дека не може да верува дека политичарите продолжуваат да паѓаат во стапицата на хумористите Вован и Лексусов.

Клан Косова го контактирале советникот на премиерот, Ерол Белегу, но тој рекол дека нема сознанија за тоа дали Рамуш Харадинај објавил таков текст на Твитер.

– Премиерот Харадинај има многу добри односи со Петро Порошенко, кој е за проевропските и евроатлантските вредности. Се разбира, тој во принцип го поддржува Порошенко во вториот круг. Порошенко е проевропеец и ние несомнено сме на негова страна. Што се однесува до написот на Твитер, јас немам сознанија за таа работа – изјавил Белегу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот