И Премиер лигата против Суперлигата: Ќе сториме сè за да ја спречиме

Секој фудбалер кој ќе дојде од држава која е во црвената зона мора да помине 10 дена во карантин/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Премиер лигата денеска со официјално соопштение објави дека ќе ги преземе сите акции за да го спречи функционирањето на новоформираната Суперлига.

Дури шест екипи од Премиер лигата, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Челси и Тотенхем учествуваа во формирањето на Суперлигата која треба да функционира независно од УЕФА.

Денеска беше одржан состанок на челниците на Премиер лигата со останатите 14 екипи кои играат во најсилното англиско натреварување, на кој беше разговарано за последиците од формирањето на Суперлигата.

– Премиер лигата заедно со фудбалската федерација на Англија се состанаа со претставниците на клубовите за да разговараат за последиците од формирањето на Суперлигата. Сите 14 клубови едногласно ја отфрлија идејата за формирање на Суперлигата. Премиер лигата разгледува кои акции може да ги презеде за да ја спречи Суперлигата, а сопствениците на клубовите ќе бидат приморани да ги почитуваат правилата на кои се обврзани. Лигата ќе продолжи да работи со заинтересираните страни вклучувајќи ги и навивачите, Владата, УЕФА, ФА, ЕФЛ и ЛМА за да ги заштити интересите и ги повикува клубовите кои се дел од новото натпреварување веднаш да се откажат од него. Премиер лигата сака да им се заблагодари на навивачите и сите заинтересирани страни на поддршката. Реакциите покажуваат колку им значи  фудбалот на луѓето“, соопшти Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот