ВИДЕО I Повторно пукање во Америка: Тројца ранети во супермаркет, напаѓачот избегал со автобус

Најмалку три лица се повредени во супермаркетот „Стоп и Шоп“ во Лонг Ајленд, кога непознат напаѓач отворил оган, а потоа побегнал од местото на злосторството, јавуваат американските медиуми.

Според Ен-Би-Си, постои сомневање дека една жртва им подлегнала на повредите, но засега нема официјални потврди.

Се сомнева дека осомничениот по пукањето влегол во автобусот и побегнал во непознат правец.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Пазарот „Стоп и Шоп“ објави дека сочувствуваат со семејствата на ранетите во нападот.

„Ние сме во постојан контакт со припадници на полицијата кои ја спроведуваат истрагата. Нашата продавница ќе остане затворена до ново известување“, рекоа тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот