И покрај забраната за движење, десетици луѓе присуствуваа на мафијашки погреб!

Иако пандемијата ја отежнува дистрибуцијата на дрогата, мафијата има придобивки од овие блокади.

Мафијашките кланови веќе ја користат кризата предизвикана од коронавирусот, особено во јужна Италија, а фактот дека и покрај забраните, десетици луѓе неодамна присуствуваа на погребот на еден мафијаш, зборува за моќта и неказнивоста на мафијата, пренесува Си-ен-ен.

Мафијата, наводно, им обезбедува намирници на сиромашните граѓани за секојдневните потреби и им нуди заем на фирмите кои се на раб на банкрот.

Се смета дека најмоќниот дел на мафијата, озлогласената Ндрангета во Калабрија, контролира 80 проценти од европскиот пазар на кокаин.

Иако пандемијата го отежнува шверцот на дрогата, мафијата има придобивки од блокадата.

Новинарот Роберто Савиано, кој е автор на книгата „Гомора“ за италијанска мафија, вели дека толпата користела недоволен надзор над спроведувањето на законот на пристаништата и аеродромите.

Но, далеку од тоа дека мафијашите продаваат само кокаин, тие се, како што е наведено, длабоко вметнати во економијата.

Додека традиционалните мафијашки активности, како што е изнудата, може да претрпат штета за време на пандемија, има и нови можности, предупреди Ана Серџи, криминолог на Универзитетот во Есекс.

Според началникот на италијанската полиција, Франк Габриели, мафијашките организации веќе се длабоко вплеткани во делови од економијата кои не биле ограничени поради коронавирусот, како што се земјоделството, прехранбената индустрија, фармацевтската и медицинската опрема, како и патниот сообраќај.

-На крајот на вонредната состојба, злосторничките здруженија може да ја „заматат“ економијата со преземање на компании, во кои претходно не биле инфилтрирани, рече тој.

Италијанската влада е свесна за опасноста. Министерката за внатрешни работи, Лусијана Ламоргезис, испрати писмо до регионалните лидери во кои Си-ен-ен имал увид, предупредувајќи ги дека криминалните организации ќе се обидат да  искористат „форми на поддршка“ за да добијат популарност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот