И покрај тензиите со снабдувањето со електрична енергија Франција нема да се најде во темница, уверува Владата

epa08586632 The Eiffel Tower stands dark, as its traditional night-time illumination is switched off in support of the victims of a massive explosion in Beirut; in Paris, France, 06 August 2020. According to Beirut's Governor Marwan Abboud, at least 135 people were killed and at least 5,000 were injured after an explosion caused by over 2,700 tons of ammonium nitrate stored in a warehouse, devastated the port area in Beirut on 04 August. EPA-EFE/Mohammed Badra

 Француската Влада денеска посочи дека Франција не е во опасност да се најде во мрак оваа зима и покрај тензиите со снабдувањето со електрична енергија, јави дописникот на МИА од Париз .

 – Французите ќе бидат снабдени без тешкотии и не ризикуваме никакво затемнување. Ние во никој случај нема да се соочиме со ситуации на затемнување, односно големи и неконтролирани прекини во снабдувањето на мрежата. Безбедноста на нашето снабдување со електрична енергија е целосно загарантирана, изјави во Сенатот државниот секретар за биодиверзитет, Беранжер Аба.

Според неа, само во случај на невообичаен студ, ако температурите станат значително пониски од сезонските норми за неколку степени во просек во текот на неколку последователни дена, ќе треба будност.

Како што рече, управителот на мрежата тогаш би имал неколку можности, вклучувајќи привремени и контролирани прекинувања, кои според Владата се „неверојатни” и „како последно средство”, односно не станува збор за ставање на Франција во мрак.

Беранжер Аба зборуваше за време на дебатата за ризикот од „затемнување”, организирана на иницијатива на групата Ле Републикан.

Управителот со мрежата за снабдување со електрична енергија (РТЕ) предупреди дека Франција може да доживее тешкотии во снабдувањето со електрична енергија оваа зима, особено во случај на студ во февруари.

РТЕ ги повика Французите да ја ограничат потрошувачката во петокот наутро поради студот, кога безбедносната граница беше ограничена. Снабдувањето, сепак, беше обезбедено без инциденти.

Во овој контекст, дел од опозицијата уште еднаш остро ја критикуваше одлуката за затворање на нуклеарната централа во Фесенхајм (Горна-Рин) минатата година.

-Владата ја лиши Франција од производствен капацитет од 1,8 GW, што претставува 1.800 ветерници”, рече сенаторот (ЛР) Даниел Гремиле на почетокот на дебатата.

Аба одговори дека двата реактора во Фесенхајм немаше да бидат доволни сами за да ја променат ситуацијата, нагласувајќи дека на централата исто така ќе и требале значителни инвестиции за да продолжи да работи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот