Се шпекулира дека двајца играчи и еден член од стручниот штаб на Келн се лицата кои се позитивни на Ковид-19.
Иако клубовите во Бундеслигата имаат намера да го продолжат шампионатот на 9 мај, германската влада предводена од канцеларката Ангела Меркер го отфрли ваквиот предлог.
Се очекува наскоро (најверојатно на состанокот на 6 мај) да се донесе финална одлука од надлежните за евентуално продолжување на сезоната, а како најнов датум се издвојува 16 мај.
After testing positive for the #coronavirus, three people at #effzeh are now in quarantine. The group training can continue as planned. All infos 👇 https://t.co/gu4iqJrCNR
— 1. FC Cologne (@fckoeln_en) May 1, 2020
Но, најновите информации не одат кон посакуваната насока. Како што официјално известуваат од бундеслигашкиот клуб Келн после три позитивни тестови, тројца членови на таа екипа моментно се во карантин.
Сите играчи, стручниот штаб и останатите во клубот, беа тестирани во четвртокот за Ковид-19. Тројца луѓе беа позитивни, без никакви симптоми. Клубот не ги откри нивните имиња, почитувајќи ја нивната приватност, но се знае дека 14 дена ќе бидат во карантин.
2 players and a member of staff test positive for covid-19 for FC Koln in Germany. I can't believe governments/authorities are even contemplating restarting the season at the moment #AVFC https://t.co/RTlOxAFkwe
— Jacob (@bruno_2212) May 1, 2020
Се шпекулира дека двајца играчи и еден член од стручниот штаб на Келн се лицата кои се позитивни на Ковид-19.
Како што е планирано, Келн ќе продолжи со тренинзите во согласност со мерките за хигиена и контрла на инфекција кои се применуваат од 6 април.