И покрај препораката, младите фанови и во тешки моменти го бодрат Вардар!

rkvardar.mk

Иако од ракометниот клуб Вардар препорачаа да не се водат мали деца за мечот против Монпелје, истата не се следи…

Владата в петок на седница препорача на сите спортски собири до 6 март да нема публика поради коронавирусот.

Донесе препорака сите спортски настани предвидени викендов да се одржат без присуство на навивачи.

Скоро сите ја почитуваа, но ракометниот клуб на Вардар информираше дека натпреварот од Лигата на шампионите против Монпелје од Франција ќе се игра со присуство на публика, но и со препорака да не се водат мали деца на овој меч.

Од македонскиот и европски шампион не прецизираа до која возраст не е препорачано да доаѓаат мали деца.

Таа препорака од клубот не се следи, барем како што можевме да погледнеме во и надвор од Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Како и во минатото и за овој дуел младите љубители на ракометот и верни фанови на Вардар ја даваат поддршката и во овие тешки моменти во кои се наоѓа клубот на финансиски план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот