И покрај отпорот од кафеанџиите, Богдановиќ не запира

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска изјави дека и покрај тоа што има отпор од кафеанџиите, тој нема да запре со акцијата за рушење на дивите тераси.

– Акцијата трае и денеска, ќе трае и во понеделник. Ова е само почеток и поблага варијанта, следуваат многу построги и порадикални варијанти, од причина што немаме никакво разбирање од страна на самите угостители, односно тие се „глуви“ и мислат дека сме несериозни во оваа работа. Ќе видат колку сме сериозни во оваа работа – нагласи Богдановиќ.

Богдановиќ испрати апел до кафеанџиите, сите што имаат добиено Решение за отстранување и усогласување да постапат по според наведеното во документот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот