И покрај негативата, Кимих верува дека Баерн може да го елиминира ПСЖ!
Утре (21.00 часот) во Париз ќе се игра реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во кој ПСЖ ќе стартува со минимална предност против Баерн Минхен.
Потсетување дека ПСЖ во првиот меч како гостин славеше со 2:3 против актуелниот првак во елитното натпреварување.
И покрај негативата играчот на баварскиот гигант, Џошуа Кимих верува дека неговата екипа може да направи пресврт и обезбеди пласман во следната фаза.
– Убеден сум дека ќе се најдеме во полуфиналето, бидејќи сме подобар тим. Бевме подобри на првиот натпревар, иако за жал резултатот не го покажа тоа. И покрај тоа, убеден сум дека можеме да им вратиме во реваншот – рече Кимих.
Германскиот репрезентативец посочува дека менталитетот на екипата беше во функција минатата недела, но дека Баерн не бил доволно ефикасен.
– Скоро сè се заснова на менталитетот, но исто така и на ефикасност. На првиот дуел покажавме добар менталитет, но не бевме доволно ефикасни. Овој пат треба да ги пренесеме обете работи на терен – додаде Кимих.