И покрај надежите, и денеска нема договор помеѓу СОНК и МОН

Наставници пред СОНК, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Ниту денеска не се постигна договор помеѓу Министерството за образование и СОНК.

– Продолживме со разговорите, како што знаете, претходно се отвори и темата за колективните договори. Очекувам дека во понеделник или вторник наредната недела ќе имаме конечен договор со СОНК. Изминатиов период се отворија многу дискусии кои се однесуваат и на колективните договори, нешто за што не се зборувало изминативе десет години. Верувам дека наскоро ќе имаме нови колективни договори а потоа ќе зборуваме и за проблематиката која се однесува на платите. Сакам ова да е последен штрајк со прекин на наставата, рече министерот Јетон Шаќири.

Тој не сакаше да даде прецизен одговор околу процентот за кој ќе биде покачена платата на насставниците.

– Оптимизмот постои од двете страни, секако дека не може да се најде идеално решение, но има  простор за изнаоѓање заедничко решение кое ќе ги задоволи двете страни, рече првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Видео на денот