И покрај коронавирусот расте бројот на резервации на крузерите за крстарење во 2021 година

Многу крузери се претворија во карантини, препуштени сами на себе, затоа што пристаништата не сакаа да ги примат поради страв од вирусот.

И покрај фактот дека многубројни крузери ширум светот се ставени во карантин, луѓето сè уште сакаат да крстарат кога ќе смири целава ситуација.

Порнемијата на коронавирусот се чини дека најтешко го погоди туризмот, особено крузерите, пренесува NYpost.

Сепак, резервациите за крстарење за 2021 година се зголемуваат.

Според анализата спроведена од УБС, резервациите за крстарење за следната година се зголемени за 9 проценти во однос на минатата година во ова време, иако многу крузери ширум светот се ставени во карантин среде пандемијата од коронавирусот.

– Иако крузерите се соочија со бројни откажувања, овие податоци покажуваат дека туристите сè уште се многу заинтересирани за ваков тип на одмор- наведуваат во анализата.

Сепак, оваа анализа не покажува дали луѓето резервирале нови крстарења или само го одложиле нивното неодамнешно откажано патување за следната година.

Бродовите кои крстарат низ Азија и Алјаска, забележаа најголем број заинтересирани туристи.

Многу крузери се претворија во карантини, препуштени сами на себе, затоа што пристаништата не сакаа да ги примат поради страв од вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот